Мониторингот на ААВМУ утврдил емитување „псевдовести“

0
228

Има општа медиумска тенденција уредувачките политики да бидат отворени за различни ставови во однос на тековните општествено-политички настани, состојби и теми, покажува вториот десетдневен извештај од мониторингот за медиумското известување за периодот од 17 до 26 минатиот месец од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ).

Со мониторингот е забележано дека во централните дневно-информативни емисии во повеќе наврати, а некаде и секојдневно, емитувани се прилози што се квалификуваат како „псевдонастани или псевдовести“.

– Со мониторингот е забележано дека во централните дневно-информативни емисии, во повеќе наврати, а некаде и секојдневно, емитувани се прилози што се квалификуваат како „псевдонастани или псевдовести“. Овие псевдонастани ги креираат политичките партии, преку критика/критизирање на политичкиот опонент или како политички ветувања. Дел од радиодифузерите држат дистанца, дел вложуваат напори да обезбедат врамнотеженост на различните ставови, додека само кај две телевизиии обемот на вакви прилози за една политичка опција, укажува на непочитување на професионалното начело за еднаков третман на различните гледишта, велат од АВМУ.

Без коментари