Монографија за Јавното здравје во Битола

0
552

Министерството за Здравство и Центарот за јавно здравје ја одбележаа неделата на имунизација. А во Битола беа одбележани и 100 години Јавно Здравство и повеќе од 20 години самостојна дејност на Центарот за јавно здравје во овој град. На денешната свечност беше промовирана монографија посветена на јавното здравство и Центарот за јавно здравје,чиј автор е Александар Стерјевски.

Тој открил дека во 1912 година во Битола била реализирана вакцинација на 9.500 лица заради големи сипаници, а во 1918 година била вршена масовна вакцинација за заштита од тифус и колера во тоа време.

– Лекари едуцирани надвор од државата, работеле и се грижеле за здравјето на населението. И не само вакцинација, не само справување со маларијата, тифусот, колерата, туку и едукација на населението. Со оние услови и можности кои тогаш ги имале, навистина она што ќе се прочита од оваа монографија е импресивно да се сфати дека на овие простори и тоа како се работело на јавното здравје и заштита на здравјето на наслението. Им препорачувам на останатите центри да изготват ваква монографија, за да се види по сите региони во државата, како се работело во минатото, а како се работи сега, изјави Д-р Тони Коњановски

И Министерството за Здравство го подржува Центарот за Јавнот здравје во промоцијата на монографијата насловен “Јавното здравство и превентивната здравствена заштита во Битола”.

Монографијата прави спој меѓу минатото сегашноста и иднината бидејќи идните генерации ќе се едуцираат од оваа монографија, вели советникот при Министерството за здравство Д-р Јованка Костовска.
Таа ја поздрави одлуката на Центарот за јавно здравје-Битола да издаде монографија за активностите што ги вршеле или вршат од таа здравствена установа и нагласи дека треба да се верува во здравствениот систем, во фармацевтите, имунолозите, педијатрите, епидемиолозите и додаде оти децата треба да се вакцинираат.

Инаку Центарот за јавно здравје-Битола, покрива околу 15 отсто од територијата на државата и се грижи за над 190.000 жители со своите активности.