Монструм од 120 килограми сее страв низ ирачките градови под контрола на ИСИС

0
328

Маскиран исламски екстремист, кој поради крупниот стас и суровоста го добил прекарот „Булдожер“, извел десетици егзекуции на невини цивили во име на Исламска држава, а на едно 14-годишно момче од Сирија му отсекол шака и стапало, откако тоа одбило да ѝ се приклучи на терористичката органзиација, јавува Дејли мејл.Исто како озлогласениот Џихади Џон, и овој монструм пред камерите се појавува облечен во црно од глава до пети, па му се гледаат само очите. На една фотографија се гледа со џиновски митралез, тежок 50-тина килограми, а на друга се подготвува со сабја да му ја отсече главата на клекнат човек со превез преку очите.14-годишното момче по име Омар, кого исламистите го заробиле во Сирија и го мачеле еден месец, раскажал дека џелатот „Булдожер“ собрал други деца да го гледаат неговото осакатување