„Монструм„ од 2 милиарди евра ќе се гради во Токио за Олимпијадата во 2020 година

0
590

Токио ќе биде домаќин на Олимпијадата во 2020 година и за таа цел се гради стадион кој се проценува дека ќе биде најскап досега изграден со вредност од две милијарди долари. Експертите претпоставуваат дека во текот на градбата трошоците би можеле да се зголемат што би донело проблеми за јапонската влада која одби меѓународна помош. ИОК бара да се намалат трошоците за организација на ЛОИ, но ваквата инвестиција во Токио ги става во тешка ситуација градовите кои се кандидираат за игрите во 2024 година. Ако Јапонија не може без меѓународна помош да ги покрие трошоците, како ли ќе се снајдат останатите?