Москва се подготвува за најголемата парада

0
624

10.000 војници денеска направија генерална проба на парадата за Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва – два дена пред прославата за победата на Русија во Втората светска војна, пренесува Русија Денес.

Повеќе од 10.000 лица, 135 борбени машини, вклучувајќи тенкови, оклопни транспортери, како и повеќе од 100 авиони и хеликоптери ќе учествуваат во парадата на 9 мај.

Во пробата учествува и министерот за одбрана Сергеј Шојгу. На 9 мај тој ќе ја пречека парадата, командувана од началникот на копнените сили на Руската Федерација, Олег Салуков.