Москва загрижена за влошувањето на ситуацијата на Балканот

0
154

Ситуацијата на Балканот била една од темите на вчерашната средба во Москва меѓу замениците министри за надворешни работи на Русија и на Италија Алексеј Мешков и Винченцо Амендола. На состанокот, како што соопшти руското министерство за надворешни работи, руската страна ставила фокус врз „директните примери за грубо мешање од надвор во македонските внатрешни работи, вклучувајќи ги ЕУ и НАТО и за деструктивната природа на „Тиранската платформа“ која содржи ерозија на македонската државност“. Во соопштението исто така се наведува дека политиката на црногорските власти да ја внесат земјата во НАТО без за тоа да биде одржан референдум е контрапродуктивна.