Мост меѓу две срца-фестивал во општина Новаци

0
453

По повод светскиот ден на книгата и авторското право, во општина Новаци се одржа фестивалот „Мост меѓу две срца“ .
Фестивалот го имплементираше Културно иновативниот клуб Новаци со партнерство на ОУ.Славко Лумбарковски.
Фестивалот има за цел да придонесе за поттикнување и промовирање на детското творештво и креативното изразување и негов развој во руралните средини, а беше поддржан од општина Новаци.
На фестивалот учествуваа по шест ученици автори како претставници од едно училиште и тоа три од одделенска и три од предметна настава и по еден посебно надарен и талентиран ученик- автор кој е наградуван и посебно се истакнува во пишувањето.
Авторските творби кои што беа прочитани на фестивалот, ќе бидат објавени во детската книга која ќе се објави во октомври по повод месецот на книгата.
На фестивалот гостуваа членови од Друштвото на писатели на Република Македонија кои ја негуваат детската литература, па учениците имаа можност да се дружат со нив.За најдобрите творби одлучуваше четиричлена комисија составена од писатели и професори по македонски јазик.