МОСТ предлага отворени листи и забрана за медиуми да донираат за избори

0
219

Невладината организација „МОСТ“ кој повеќе од 13 години ги следи изборите во земјава предлага отворени листи, законско решавање на сивите зони во финансирањето на кампањите за партиите, како и забрана на можноста медиуми да бидат донатори на политички кампањи.

Во работниот документ со препораки којшто го промовираа денеска, МОСТ препорачуваат да се разгледа можноста за воведување на модел со отворени листи, каде освен за политичкиот субјект ќе може да се гласа и за кандидатите од листата.

Пропорционалниот изборен систем со отворени листи на граѓаните им дава можност покрај гласот кој го даваат за политичката партија да гласаат и за поединечните кандидати од листата на таа партија. Со тоа тие можат директно да влијаат на распоредот на кандидати на листата предложен од политичките партии.