Мост со пола ограда

0
2761

Ова е патот на излезот односно влезот на Битола кај наслебата Довлеџик. Се работи за многу фрекфетен пат заради фактот што има многу населени места во подпелистерието, потоа магистралниот пат од Ресен и другите населени места од југозападниот дел. Во горниот дел на населбата има и мост на тамошната река. Сегашната состојба на мостот е ваква.

Причината за ваквата состојба како што не информираа од СВР Битола, е тоа што пред 10 тина дена, односно на 10.06.2017 година во 03:20 часот се случила сообрачајна незгода со предизвикана матерјална штета , во која учествувале И. Ш. (44) од Битола , кој не поседувал возачка дозвола, а управувал ПМВ марка „Лада Караван“ нерегистрирано со битолски регистерски таблички, при што оштетена била метална заштитна ограда од мостот на река Драгор, сопственост на Општина Битола.

Од несреќата половина од железната ограда од едната страна на мостот ја нема. Сега се наоѓа долу во речното корито.

Возачите стравуваат за својата безбедност. Голема внимателност и снаодливост е потребна посебно ако треба да се разминат тешки товарни возила, кој често транзитираат низ центарот на градот, поради тоа што патниот правец А3 Прилеп-Битола-Охрид е затворен за сообраќај.

Стравуваат и пешаците. Освен оградата што е падната, мостот е обраснат со висока трева која што излегува на тротоарот каде што треба да поминат пешаците. Асфалтот е распукан, жолтата боја на оградата скоро да ја нема, таа е рѓосана.

Од Општина Битола не информираа дека преку ЈП Нискоградба се во фаза на решавање на проблемот.