Мото релито како туристичка промоција

0
304

Плоштадот Магнолија вчера беше дел од мото релито „Независност 2015“, моторџиите вчера во Битола се одморија пред да тргнат кон својата следна дестинација. Тргнаа на 5-ти септември од Скопје на традиционалната моторџиска авантура низ Македонија во чест на Денот на незавиосноста, која оваа година се одржува по 24 пат. Вкупната должина на релито е околу 780 километри.MOTORI2

-Ова е сега втората етапа. Првата беше до Дојран, сега одиме до Охрид преку Галичица, а третата етапа е преку Дебар до Скопје. Во Скопје кога тргнавме имаше 380 возачи, но по пат ни се приклучија и други, вели претседателот на Мотоциклистичката федерација на Македонија Зоран Наумовски.ZORAN

Мото-клубот „Конзули“ од Битола, се покажаа како домаќини, учесниците на релито ги пречекаа и им обезбедија разладување.

-Успешно се одвива организацијата, сите сме задоволни. Ние ваквите манифестации ги гледаме многу сериозно, вели Ѓорѓи Георгиевски, Мото клуб „Конзули“.GORGI

Ова меѓународно рели нема натпреварувачки карактер, а главна цел е туристичка промоција на Република Македонија кај странските и домашните учесници, како и промоција на мотоциклизмот низ целата наша држава.MOTORI 1

-24 години ние се трудиме да ги едуцираме младите, да го пратат релито, но мора да се почитуваат и сообраќајните правила, вели Николовски.

-Ние пропагираме безбедно возење по закон, по сите прописи, не се случило наш член да вози без кацига, на едно тркало. Таа култура се обидуваме да им ја покажеме на сите, рече Георгиевски.

Оваа година Мотоциклистичката Федерација на Македонија релито го направи со хуманитарен карактер. Во соработка со Црвениот Крст на Македонија, собраната помош ќе биде распоредена онаму каде што тоа е најпотребно.