Мозаиците на Хераклеа оштетени

0
2453

Стански експeрти направија проценка дека се оштетени мозациите во Хераклеа Линкестис . Тоа се утврде со ендоскопско снимање на мозаичните површини. Предупридија на алармантност на состојбата и таа состојба е дел од след на околности, кои што со тек на време се случуваат, вели првиот човек на Завод и Музеј во Битола. Причината за оштетувањата била употребата на цементот

mozaik 2
-До 60, 70 па и 90 години се користше цементот, се користеа материјали кои што се сметаа најадекватни . Употребата на цементот придонесе состојбата да се влошува, Тогаш во тоа време се мислеше дека тоа е како траен метод, не е ничија грешка. Како денес на пример што мислиме дека некој материјал е добар, по извесен период може да се покаже дека не бил уствари добар како што сме мислеле, изјави Зоран Алтипармаков директор на Завод и Музеј

Сега мора итно да се превземат мерки за дополнително заштитување. НО како

-Заштитата ќе се одвива поединечно на крстилницата, триклиниумот итн. Мора да сватиме дека цементниот малтер и цементните плочи како материјал мора да ги отфрлиме. Материјалот како цемент е доста крут. Сега во понатамошниот период како носач ќе се користи алуминиумското саќе , изјави Тони Николовски Виш конзерватор за мозаик
mozaik 3

Тоа ќе значи дека оштетените мозаици ќе треба целосно да се вадат камче по камче и да се превземи овај пат вистинска процедура за нивна целосна заштита. Чија била одлуката да се санираат со цемент и дали се знаело дека тој материјал е штетен за мозаиците?

mozaik 4
-Одговорност за тоа не може да има, бидејќи тоа беа методи и техники кои се применувале во тој период. Пример порано во ниту еден објек во Битола порано не се праве дренажи, сега откако се увиде дека со дренажи е подобро, секаде се изведуваат, додаде Алтипармаков

mozaik 6

Јавноста по втор пат шокирана, за кратко време за пропаѓањето на артефакти и движно наследство од непроценлива вредност