Мртви тела на дилери лежат по филипинските улици!

0
295

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте му вети на народот дека ќе се ослободи од криминалците и од трговијата на дрога, поради кои умираат сè повеќе луѓе. Меѓутоа, тој не мислеше „да ја преземе работата во свои раце”, туку им предложи на жителите тие да ги убиваат дилерите, а за возврат ќе добијат вредни парични награди.

Изминатиов месец на улиците на Филипините беа пронајдени најмалку 300 безживотни тела. Некои дилери биле убиени од полицајци, додека други биле усмртени од луѓе кои живеат во различни краишта на земјата.

Пред неколку месеци, Дутерте ги повика граѓаните што поседуваат оружје да пукаат во дилери на дрога кои се спротивставуваат на апсење, а за тоа ќе бидат добро наградени.

Претседателот на Филипините, во својот говор кој го пренесуваше националната телевизија, предупреди на многу застапената трговија со наркотици во таа земја, во која е вклучена и полицијата.