МТСП: Нема да се градат станови за бегалци, Македонија е транзитна земја

0
623

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во писмена изјава до медиумите вели дека е лажна вест оти државата ќе гради станови за бегалците и дека тие ќе отанувале во Македонија.

„Во Република Македонија нема да се градат кампови за бегалци, нема да се даваат државјанства за бегалци, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока.

Секоја информација во поинаква насока е лага, неточна и невистинита.

Република Македонија е држава која е транзитна станица на бегалците, и во минатото, и во бегалската криза од 2015/16 година. Kако земја членка на Обединетите Нации, нашата земја ќе им помогне на бегалците на нивниот пат кон крајните дестинации, согласно меѓународните стандарди и ратификуваната Конвенција за правата на бегалците од 1994 година“, пишува во реакцијата од Министерството.

„Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027“, според МТСП, е продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009-2015 година,  донесена од претходната влада на ВМРО ДПМНЕ. Документот, како што се додава, нема никакво обврзувачко дејство и тие кои во минатото ја потпишале оваа стратегија го знаат овој факт.

МТСО ги осудува дезинформациите и наменското ширење страв и ксенофобија кај граѓаните.

mkd.mk

Без коментари