Му ја украл кредитната на зетот и си купил облека

0
337

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.С.(32) од с.Големо Илино демирхисарско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовлстено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот на 25.08.2015 година додека бил на гости кај неговата сестра, од нејзината чанта, одзел кредитна картичка од неговиот зет заедно со пинот, по што од повеќе банкомати во Битола вадел пари, а од бутик купил текстилна стока, причинувајќи материјална штета од 10.000 денари.