Му ја запалиле влезната врата од куќата

0
1358

На 31.03.2017 година околу 08.10 часот во СВР-Битола, З.П. (31) од Битола на ул.„Мирче Ацев“, пријавил дека ноќта на 30/31.03.2017 година непознат сторител ја опожарил влезната врата на куќата така што најверојатно на бетонот пред влезната врата истурил и запалил непозната запалива течност, при што предизвикал зачадување на лимот од долниот дел од вратата, а потоа оганот се проширил  и го зачадил и погорниот дел од вратата. Потоа пламенот самиот се изгаснал, предизвикувајќи незначителна штета. Пријавителот настанот го забележал на 31.03.2017 година околу 07,10 часот.  Увид бил извршен од страна на ОКТУПА при СВР Битола и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.