Му ја зеле пченката, а се уште не му ја платиле

0
579

СВР Битола поднесе кривична пријава против Х.С. (58) од Ресен поради постоење основи ан сомнение за сторено кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“ и против Р.Б. (51) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Првопријавениот во декедмври 2014 годинаго довел во заблуда лицето С.Н. од с.Кукуречани, битолско, дека е сопственик на фирмата „Визија-Дизајн“ ДООЕЛ Скопје, која се занимава со откуп на пченка. На 26.12.2014 година, заедно со второпријавениот остварил средба со оштетениот во с.Кукуречани, а потпишал и купопродажен договор, согласно кој плаќањето требало да биде најдоцна до 10.01.2015 година.  Истата се уште не била платена.