Му се слоши на директорот на фестивалот

0
317

Синоќа по свеченото отворање на фестивалот на филмската камера Браќа Манаки му се влошила здравствената состојба на директорот на фестивалот Благоја Куновски.

Во паузата помеѓу свеченото обраќање и доделувањето на дел од наградите и во очекување на стартот на проекциите предвидени за првата фестивалска вечер, дознавме дека со возило на итната медицинска служба бил земен од пред Центарот за култура.

Од фестивалот уште синоќа рекоа дека тој добро се чувствува, но денеска не се појавил на редовната прес конференција, а оние кои ја водеа прес конференцијата од Куновски ги пренесоа поздравите до учесниците на фестивалот и дека поради здравствени причини морал да се врати во Скопје, со надеж дека бргу ќе се врати на фестивалот.

Куновски вчеравечер се појави на црвениот килим пред Центарот за култура во Битола заедно со претседателот Ѓорге Иванов и лауреатот Пјер Лом. Тој беше и првиот говорник на сцена за време на свеченото отворање, каде изјави дека последните две години беа искушувачки, но дека со голема верба, ентузијазам, издржливост и голема одговорност го овозможиле одржувањето на фестивалот.

Без коментари