Му украле 70 куршуми, чизми, бензин, масло…

0
432

На 30.01.2016 година К.Т.(57) во ПО Новаци пријавил дека во периодот од 23 до 30.01.2016 година  во с.Добровени непознат сторител со употреба на физичка сила и подесен алат го отворил прозорецот и влегол во неговата куќа при што одзел кожен реденик со 30 куршуми калибар 12мм марка „Магнум“, 40 куршуми калибар 12мм марка „Ремингтон“, „Белом“ и „Крушик“, гумени чизми, два литри бензин, и два литри моторно масло, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 11.000 денари. Увид  извршила увидна екипа на СВР-Битола и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.