Му украле злато, сребро и пари во вредност од 480.000 денари

0
2141

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Б. (20) од Прилеп, 14-годишен малолетник, К.Р.Д.(24) од Битола и уште едно засега непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавените, ноќта помеѓу 09/10.08.2015 година, во Битола на ул. „Сремска Митровица“ со употреба на подесен алат извршиле тешка кражба во куќата сопственост на З.К.(56), од каде одзеле парични средства, златен и сребрен накит, во вредност од 480.000 денари.