Мудис се подготвува да го намали кредитниот рејтинг на Турција

0
252

Мудис го стави рејтинтот на Турција на листата за преразгледување со можност за намалување, се вели во соопштението на оваа меѓународна рејтинг агенција.

Во моментов рејтингот на Турција е на нивното Баа3.

– Преразгледувањето се должи на неопходноста од оценка на среднорочното влијание на неуспешниот воен удар врз економскиот раст на Турција, законодавните институции и надворешните фактори, кои се земаат предвид кон веќе постоечките проблеми во таа област, се вели во соопштението на Мудис.

Според Мудис и покрај неуспехот на пучот, фактот дека тој се појавил е доказ за широк круг на политички проблеми.