Мугабе одбива да поднесе оставка

0
152

Долгогодишниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, наводно, одбива да се повлече и покрај се погласните повици за негова оставка.

93-годишниот Мугабе е во домашен притвор од средата, кога војската ја презеде власта.

Војската денеска соопшти дека во тек се разговори со Мугабе и дека се уапсени

“криминалци” околу претседателот, но не објави имиња. Неофицијално, неколку високи функционери се уапсени од средата.

“Другите се уште се на слобода”, соопшти војската.Во телевизиска изјава, војската соопшти дека ќе ја извести нацијата за исходот од разговорите со Мугабе “што е можно поскоро”.

http://novatv.mk