Мурговска го доближи Пелистер до враќање во Европа

0
254

ЖРК Пелистер – ЖРК Ѓорче 23:21 (11:13)

Голем чекор кон четвртото место и излез во Европа за ракометарките на Пелистер. Битолчанки славеа во дербито против ЖРК Ѓорче со 23:21 (11:13) во Супер лигата.

Избраничките на Владимир Радиќ одиграа одлично прво полувреме каде имаа целосна контрола на резултатот. Но во вториот дел се водеше рамноправна борба и се играше гол за гол, а пресудни беа последните десет минути од натпреварот кога екипата на Марковски направи целосен пресврт. Најефикасна ракометарка на натпреварот беше Викторија Мурговска со 10 погодоци. Во составот на ЖРК Ѓорче се истакна Марија Петлеска со 8 погодоци. Со победата против ЖРК Ѓорче екипата на Пелистер моментално се наоѓа на четвртото место на табелата.

Без коментари

LEAVE A REPLY