Мурињо најдобар менаџер, Азар најдобар фудбалер на сезоната во Премиерлигата

0
133

Тренерот на Челси, Жозе Мурињо го доби признанието за менаџер на сезоната во Премиерлигата, наградата за најдобар играч му припадна на Еден Азар.

Жозе Мурињо кој го предводеше Челси до трофејот во Премиерлигата, заслужено беше прогласен за најдобар оваа сезона во Англија.
Сините станаа шампиони на три кола пред крајот, а можат да ја завршат сезоната со 11 бодови предност пред второпласираниот Сити.
Ова е трета ваква награда за Мурињо во Премиерлигата, претходните две му се за сезоната 2004/05 и 2005/06.
Еден Азар го доби признанието за најдобар фудбалер во Премиерлигата оваа сезона.