Муса Џафери: Имав домашни проблеми поради објавените снимки

0
543

Муса Џафери, поранешниот вице премиер од ДУИ, тврди дека ја има поддршката на народот и ќе се врати на политичката сцена, рече тој во интервјуто во дебатната емисија Програм 200 на Алсат-М.

Според него, во Македонија секогаш имало прислушкување:

“Тоа е дегенерација на системот”, вели тој и додава дека во 2000 и 2001 имало прислушкување и жално е што тоа се случува постојано.

Тој зборува и за неговиот личен случај кога во јавноста излегоа снимки на негов разговор со една жена чиј што идентитет не беше потврден:

“Тоа е монтажа за политички цели”, вели Џафери.

Тој признава дека оваа снимка му направила проблеми дома но дека тие проблеми се надминати и според него таа снимка не заслужува јавно за неа да се зборува. Тие што ова го направиле сметале дека со тоа ќе и наштетат на ДУИ но тоа, според Џафери, не се случило.

Џафери и дава поддршка на широката коалиција за која се повеќе се зборува како начин за излез од кризата. Но, според Џафери, таа влада треба да има јасно утврдена агенда која ќе работи на решавање на спорот со името, европската интеграција и примена на договорот од Пржино.