Mуслиманите го слават Курбан Бајрам

0
640

Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почна тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба. Вчера беше Арефат посетата на „ Ридот на милоста“ близу Мека каде Алах ја овозможил средбата меѓу првиот човек и жена Хадем и Ава.

plumi veliu

Плуми Велиу муфтија вели дека во овие денови сите луѓе пред Алах се исти незвисно кој колку и што има.

За Курбан Бајрам секој муслиман според одредбата од ИВЗ требаше да одвои 120 евра за курбан, со чие месо ќе ги дарува помалкуимателните муслимани, со што ја докажува подготвеноста за Алах, да се откаже од се материјално што има.

Плуми истакна дека деновиве живееме во лошо време на војни и неможе да се каже дека благодетот на празниците може да се долови во целост.

Муфтијата ја посочи мигрантската криза во Македонија каде недолжни луѓе се приморани да ги напуштат своите домови.

Ова е одраз, вели Велиу на еден фабрички дефект кај човештвото што има направено една толу голема рана што сите завои од светот неможе истата да ја санираат.

Зброувајќи како припадник на Исламот, муфтијата рече
Добро е да се живее како муслиман во Битола.

Првиот ден на Курбан Бајрам, 24 септември, е неработен за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.