Муслиманите во БИХ не се терористичка закана за Европа

0
198
epa06191957 Denis Zvizdic (R), President of the Council of Ministers of Bosnia and Herzegovina, and visiting Serbian President Aleksandar Vucic (L) speak at a joint news conference in Sarajevo, Bosnia and Herzegovina, 08 September 2017, during Vucic's official visit in Sarajevo, Bosnia and Herzegovina. EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Муслиманите во Босна и Херцеговина не претставуваат терористичка закана за Европа, изјави денеска претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ. Тој вели дека таквите обвинувања биле политички мотивирани и дека може да и ги одвратат инвеститорите и туристите во неговата земја.

Звиздиќ ги отфрли коментарите на некои европски лидери дека муслиманите во Босна отворено покажале поддршка за екстремистичката група Исламска држава.