Муслиманка избркана од собир на Трамп

0
493

Муслиманка која носела шамија била исфрлена од вчерашен предизборен митинг на Доналд Трамп во гратчето Рок Хил во Јужна Каролина, откако за време на неговиот говор станала и одржала мини протест, јавува Си-ен-ен.

Роуз Хамид, 56-годишна стјуардеса седела зад Трамп и станала во моментот кога Трамп кажал дека сириските бегалци се поврзани со ИСИС. Таа носела маица со натпис „Салам, доаѓам во мир“, и жолта ѕвезда на која пишувало „муслиман“. Веднаш штом станала, присутните почнале да го довикуваат Трамп и со прст да покажуваат во Роуз и Марти Розенблат, маж кој го следел нејзиниот пример.

Роуз тврди дека неколкумина викале „Таа носи бомба“, додека обезбедувањето ја исфрлало од собирот.

„Меѓу нас постои неверојатна омраза, но тоа е нивна омраза, а не наша“, кажал Трамп по собирот.

Роуз изјавила дека повеќето поддржувачи на Трамп најверојатно никогаш не запознале муслиманка, па сакала да им даде шанса.

Трамп се залага за привремена забрана за влез на муслимани во САД.