Музејот на албанската азбука ќе добие восочни фигури

0
388

Со експертска помош од Албанија, ќе се оплеменува ентериерот на Музејот на албанската азбука во Битола. Овој проект е дел од Програмата за културна соработка 2015-2020 година меѓу Македонија и Албанија која во март оваа година ја потпишаа двете министерки за култура. Првата работна средба дел од оваа програма беше денес во Битола каде државниот секретар во Министерството за култура се сретна со заменик министерот за култура на Албанија, како и со директорката на Управата за културно и нематеријално наследство на Албанија и заменик директорот на Националниот музеј на Албанија.

-Согласно усвоената програма и по направената експертиза побаравме стручна помош и придонес за оплеменување на внатрешните простории на оваа институција. Воедно со одлука на Владата е одобрен и проект за идејно решение за поставување фигури од восок на лицата кои учествувале на Битолскиот конгрес, изјави Беџихудин Шехаби, државен секретар во Министерството за култура.sehabi

Искуството од албанска страна ќе биде побарано за изработка на елаборатот.

-Тука сме да направиме мониторинг. Музејот во Битола не е значаен само за Албанците во Македонија, туку за сите Албанци во светот, изјави Зеф Чуни, заменик министер за култура на Албанија.cuni

На работната средба било договорено до 22 ноември, Денот на албанската азбука да биде доставен идејниот проект.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY