Музички омнибус со Перија

0
1167

Перија е новиот музички бенд во кој членуваат-Леа, Kате, Ева и Филиз, група која се повеќе го привлекува вниманието, а чии улични перформанси можете да ги погледнете низ Скопје, а како што ни објаснија наскоро и ширум Македонија. Повеќе за нивните почетоци и идни планови дознавме од разговорот со Ева.

Самото име значи самовила и e турцизам кој го употребуваат Торбешите во Македонија и се воедначува со предизвикот на трансформација на реалноста во вредносен и звуков аспект- ни објасни Ева.

Перија има основна цел преку презентирање на традиционалната музика, да се промовира мултикултурализмот, сето она кое ја поттикнува слободата на чувствувањето како и разбивање на конвенционалноста и стереотипите.

Следствено на тоа, репертоарот кој го изведуваат е најчесто од изворната народна македонска музика, но изведуваат и песни и на албански, турски, бугарски, ромски.