Музичко дружење со Сузана Турунџиева во Битола

0
555

Во преполната концертна сала на Завод и музеј – Битола, Сузана Турунџиева и’ подари вечер за паметење на својата најверна публика на нејзиниот роден град .

Турунџиева многу добро смислено ја наметна „драмата“ уште од самиот почеток, кога ненадејно се изгасија сите светла и во потполн мрак, присутните го слушнаа волшебниот глас на Сузана, која однадвор, во движење влезе во салата пеејќи ја познатата филмска тема „Over the rainbow” , со која ги поздрави битолчани и ги повика заеднички да ја завршат песната, а потоа следуваше различен репертоар.

Собата на клавирите беше претесна да ги прими сите посетители, па затоа многумина стрпливо го следеа концертот однадвор. Публиката вистински уживаше, пеејки заедно со Турунџиева.

Остана убавиот спомен, енергијата што обострано си ја разменија и желбата и наредното културно лето, повторно, низ песната да го продолжат другарувањето.