Музичко засладување на битолската публика преку концертот Шербет Љубојна

0
764

Во античкиот театар на археолошкиот локалитет Хераклеа на 1-ви август со почеток од 21:00 часот ќе се одржи концертот „Шербет Љубојна“.

Концертот е заеднички проект на Љубојна и гостинот со светско музичко реноме, Исмаил Лумановски, кои пред публиката ќе ја претстават богатата чалгиска традиција на Битола но со нови аранжмани и во модерен музички стил.

Лумановски битолската публика имаше можност да го види на концертот насловен Сон, верба, љубов, кој заедно со Дуке Бојаџиев, го изведе во Центарот за култура пред неколку месеци.

Освојувајќи ги светските музички сцени,настапува во неколку состави и тоа-New York-Gipsy-All stars, The secret trio и други.

На концертот заедно со Вера Милошевска, Оливер Јосифовски, Исмаил Лумановски , ќе настапат професионални музичари од Македонија меѓу кои-Александар Гулевски,Зоран Беговски, Благојче Трајковски, Владимир Крстев, Игор Милевски, Тони Арслан, Љупчо Милевски, Џенгиз Ибрахим, Горан Димитровски, Александар Петров, Ратко Даутовски, Најдо Шакиров, Демир Шакиров.

Концертот е во рамките на свеченото затворање на јубилејното 45-то издание на фестивалот „Илинденски денови“.