Музика од камион на АКТО

0
617

Денес започна 10 то издание на Фестивалот на современи уметности АКТО. Перформансот „Битолски гибања“ на актерот Иван Јерчиќ го означи стартот . Тргнувајќи од Домот на АРМ по Широк Сокак до улицата „Томаки Димитровски“. Во перформансот беа користени цитати од „ЈУНСКИ ДВИЖЕЊА“, филм на Желимир Жилник, говорот на Стево Жигон пред студентите во Белград во 1968 Година и извадок од говорот на Робеспјер од „Дантоновата смрт“ на Бихнер.jercic

На местото каде што е поставена монтажната галерија и каде ќе се одвива поголемиот дел од Фестивалот АКТО, на улицата „Томаки Димитровски“, денес се одржа прес конференција.

-Темата поддршка со јавни пари од програмата на Битфест е што независно од тоа што уредно аплициравме како секоја година, не добивме поддршка, а дека не добивме поддршка индиректно дознавме преку објавената програма на Битфест. Поднесовме барање за поставување на галеријата на јавен простор и за неколку локации за неколку перформанси, добивме само половичен одговор, дека општината не соработува со организации кои не се дел од годишната програма на Битфест, изјави Филип Јовановски, АКТО Фестивал.filip

-Не ни одговорија на ниту едно известување, освен на нашето барање да го користиме паркот кај Офицерски, на што ни вратија дека не е во нивна надлежност, а за другото не ни вратија, изјави Ивана Васева, куратор на фестивал АКТО.ivana

-Оваа година музичката програма ќе се одржи во камион. Целата независна музичка сцена го поддржува АКТО и оваа година пораката е музиката за градот од камионот кој ќе поминува низ градот, изјави Александар Јовановски, АКТО Фестивал.

Без коментари

LEAVE A REPLY