МВР апси шверцери, лихвари и криумчари

0
293

Голема полициска акција се одвива во главниот град и Куманово.

На мета се повеќе лица кои МВР ги следела подолг временски период а се поврзани со шверц и трговија со наркотици, оружје, лихварство, шверцувале мигранти и вршеле рекет.

Акцијата уште се одвива, на повеќе места во скопскиот регион и во кумановско, а досега се приведени осум лица кои се наоѓаат во суд и за нив се подготвени кривични пријави.

Повеќе детали МВР ќе соопшти после завршувањето на акцијата.