МВР ќе се засили со нови 600 полициски службеници

0
427

Во ова турбулентно време секојдневно сме сведоци и се соочуваме со специфични предизвици кои бараат сериозен пристап и потполна посветеност. Ризиците од безбедносни закани и тероризам, мигрантската криза како глобален предизвик чиј втор бран се очекува во наредните месеци, бараат соодветен ангажман кој ние како Министерство за внатрешни работи, без никакви компромиси мораме да го задржиме во континуитет гарантирајќи ја и понатаму безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Македонија.

Ова на денешната прес конференција го истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

За таа цел Министерството за внатрешни работи согласно Законот за внатрешни работи и Законот за полиција распишува јавен оглас за прием на 600 полициски службеници и тоа:

-во Организациски единици со седиште во Скопје- 100 извршители,
-во Регионален центар за гранични работи Север – Скопје 70 извршители,
-во Регионален центар за гранични работи Југ- 45 извршители,
-во Регионален центар за гранични работи Запад- 50 извршители,
-во Сектор за внатрешни работи Охрид-30 извршители,
-во Сектор за внатрешни работи Струмица- 20 извршители,
-во Полициска станица Кисела Вода – 19 извршители,
-во Полициска станица Аеродром – 39 извршители,
-во Полициска станица Бит Пазар – 12 извршители,
-во Полициска станица Гази Баба – 50 извршители,
-во Полициска станица Драчево -16 извршители,
-во Полициска станица Ѓорче Петров – 34 извршители,
-во Полициска станица Карпош – 33 извршители ,
-во Полициска станица Центар – 39 извршители и
-во Полициска станица Чаир- 43 извршители.