MВР: Не престанува притисокот од Грција и од бегалци кои бараат потврди

0
1190

Од вчера во 8 часот до денеска во 8 часот МВР издаде потврди на 1.210 странски државјани, од кои 1.015 се од машки пол, 185 се од женски, 227 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10 деца кои патуваат без родител.Сите тие добија потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Најбројни се државјаните на Сирија-1.023, Ирак-66, Бангладеш–41, Пакистан-33…

„Во текот на денот не се регистрирани никакви посериозни инциденти, иако од страна на соседна Грција, без никаква контрола, илегални мигранти и натаму вршат притисок за влез во земјава“, се вели во соопштението на МВР.

Досега, од 19 јуни издадени се потврди на вкупно 43.631 странски државјани, од кои, 30.336 се од машки пол, 6.089 се од женски, 6.945 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 641 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Најголемит број од нив се државјани на Сирија-35.369, потоа на Авганистан-2.082, Ирак-2.056, Пакистан-1.241, Сомалија-564, Палестина-560, Конго-305, Бангладеш-292, Нигерија-158, Камерун-146, Еритреја-140, Етиопија-109…

Од сите нив само 49 лица побарале азил од Одделението за азил на МВР.

Без коментари

LEAVE A REPLY