МВР незаконски издавала лични карти

0
346

МВР незаконски, без основа, издавало лични карти со цел тие да можат да бидат искористени за гласање на изборите, објави на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој, како што рече, по случаен избор побарал да се проверат 20-тина лица за кои постоеле сомнежи за нивното живеалиште и како се нашле на избирачкиот список. За едно лице било утврдено дека воопшто немало лична карта, а сепак било запишано во избирачкиот список, а на 21 лице им биле издадени лични карти од МВР, иако тие ја немале потребната документација.
Според сознанијата, најголем дел од лицата кои добиле лични карти се од Пустец, а им биле издадени непосредно пред локалните избори во 2013-та година, и со нив најверојатно се гласало во општина Центар. Доколку се покаже дека во МВР е злоупотребена институцијата, Спасовски најави дека ќе има постапки и внатре во Министерството.
Спасовски рече дека сите сознанија до кои дошле ќе бидат доставени до Специјалното јавно обвинителство бидејќи тоа се прогласи за надлежно за слуачите со изборни манипулации. За нив Катица Јанева отвори 16 предмети, но предистражната постапка е тајна, па не се соопштуваат никакви информации за тоа до каде се постапките.