МВР: Полицаецот неоправдано пукал во малолетниците во Струмица, ќе одговара за обид за убиство

0
507

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР во врска со настанот од петокот во Струмица ги изврши потребните проверки и утврди дека полицискиот службеник неосновано, неоправдано и неправилно пукал кон малолетниците Д.Т. и А.Г., односно постапил спротивно на одредбите од Законот за полиција.

Од МВР соопштија дека против полицискиот службеник е поведена дисциплинска постапка пред надлежната комисија во МВР и со решение на министерот Оливер Спасовски полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршувањето на дисциплинската постапка.

До надлежниот јавен обвинител во Струмица е поднесена и кривична пријава поради основано сомнение дека полицискиот службеник сторил кривично дело убиство во обид.

„МВР најостро ги осудува обидите за манипулација со овој настан од страна на одредени политички субјекти. За разлика од времето кога раководството на МВР ги криеше злосторствата од јавноста, МВР сега демонстрира максимална транспарентност и професионално работење со цел да обезбеди законите да важат подеднакво за сите“, соопшти МВР

http://makfax.com.mk