МВР потврди дека немало експлозив во „заставата“ пред американската амбасада

0
410

Екипите од Одделот за антитероризам при Министерството за внатрешни работи не нашле експлозив или друго нешто сомнително во пикапот марка „застава“ кој бил паркиран пред главниот влез на амбасадата на САД во Скопје.

Од МВР го потврдија вчерашниот инцидент во кој од амбасадата пријавиле дека пред нивната зграда се наоѓа сомнителен автомобил и додаваат дека автомобилот бил проверен на лице место и било утврдено дека нема ништо сомнително. Возилото потоа

подгинато за понатамошна, подетална анализа за да се исклучи каква било опасност.

Идентитетот на сопственикот на возилото е утврден, но полицијата не открива детали, со оглед на тоа дека станува збор за лични податоци.

Американската амбасада го пријавила сомнителното возило во полиција вчера попладне околу 18 часот, откако обезбедувањето на амбасадата го тестирала возилото и утврдило дека е позитивен на експлозив.

„Побаравме поддршка од Министерството за внатрешни работи и единици на Министерството реагираа соодтветно. Возилото беше отстрането без инцидент“, се наведува во информацијата од Амбасадата.

Оттаму велат декa овој случај не е поврзан со проблемите што ги имаат со телефонските линии.

Вчера, Амбасадата на САД во Скопје објави на социјалните мрежи дека телефонските линии им се во прекин.

„Телефонските линии на амбасадата во моментот не се оперативни. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го Оперативниот центaр на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512“, наведува Амбасадата на САД во објавата на Твитер.

Без коментари

LEAVE A REPLY