МВР приведе 37 странски новинари за нелегално преминување на границата

0
625

Пограничната полиција вечерва приведе 37 странски новинари, сниматели и фоторепортери кои биле однесени во полициската станица во Гевгелија. Тие попладнево нелегално ја преминале македонско-грчката граница во обид да го снимат и да известат за илегалното поминување на околу илјада бегалци од кампот во Сехово од грчка страна.

Во МВР ја потврдуваат оваа информација и велат дека новинарите сториле прекшок со нелегалното преминување на границата.

Како што дознаваме сите се каазнети по 250 евра и пуштени.
www.mkd.mk