МВР со зајакнати контроли за празниците

0
406

Во пресрет на новогодишната ноќ, Министерството за внатрешни работи информира дека сите прослави на отворено ќе бидат соодветно обезбедени со зајакнати мерки и активности и апелира до граѓаните да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не се управуваат возила под дејство на алкохол, како и да се воздржат од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства.