МВР соопшти дека бројот на загинатите во невремето се искачи на 21 лице

0
368

Според последните податоци на МВР, во синоќешното невреме загинале 21 лице, од кои 20 се идентификувани и телата им се предадени на семејствата, а за едно лице се уште трае утврдувањето на идентитетот.

Починатите лица, според МВР, биле пронајдени на подрачјето на Гази Баба, односно кај Сингелиќ, Стајковсци, кај обиколницата на Смилковци и кај селото Црешево.

За третман во здравствените установи биле пријавени уште 56 повредени лица, а од нив деветмина се задржани, додека другите се пуштени на домашно лекување.

www.mkd.mk