МВР вчера издаде 649 потврди за искажана намера за барање азил

0
2376

Министерството за внатрешни работи вчера издаде 649 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил.

Во периодот од 19.06.2015 до 23.07.2015 година во 08,00 часот, соопшти денеска МВР, издадени се потврди на вкупно 18.259 странски државјани, од кои, 13.405 се од машки пол, 2.395 се од женски, 2.299 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 160 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 13.338, потоа од Авганистан 1.525, Ирак 1.074, од Пакистан 611, Сомалија 430, од Палестина 366, Конго 254, Камерун 104, додека останатите се во помал број.