МВР вчера издало потврди на 1.941 бегалец

0
272

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди на 1.941 странски државјанин за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан – 1.267, Сирија – 424 и на Ирак – 250, а другите се во помал број.

Од 19 јуни до денеска издадени се вкупно 292.733 потврди на странски државјани.

Во изминатото деноноќие до секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до вчера до секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Без коментари

LEAVE A REPLY