МВР за 24 часа издаде 2.931 потврди на странски државјани

0
658

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека биле издадени потврди на вкупно 2.931 странски државјани, во периодот од 08,00 часот на 11.09.2015 до 12.09.2015 година во 08,00 часот.

Од вкупниот број на лица кои добиле потврди, 1.762 се од машки пол, 439 се од женски, 551 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 179 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.328, Авганистан –371, Ирак-152, Палестина-13, Пакистан-14, додека другите се во помал број. /крај/