На 100 км од Битола во Кожани се формира бегалски камп

0
2784

Оваа дилема се отвори откако од Грција стигнаа неофицијални информации дека тамошните власти долж целата, нејзина северна граница подготвуваат или веќе имаат кампови за сместување на над 50.000 бегалци од Блискиот Исток. Дел од овие бегалци се сместени и во спортски објекти во градот Кожани, на само стотина километри односно час и половина од Битола.

На овие информации претходно реагираа и Словенија, Хрватска и Србија чии влади одобрија ангажирање на нивните армии во справувањето со бегалската криза, а масовно придвижување и Анајави за испраќање на дополнителни трупи кон нивните граници со Грција, дојдоа и од вооружените сили на Македонија, Албанија и Бугарија.

За ова побаравме информации од надлежните институции во државава. Од АРМ не информираа дека информации за кампот во Кожани немаат, но дека на Маџитлија се присутни во доволен број за координација со граничната полиција и тој број на војници по потреба може брзо да се зголеми. Од ЦУК не информираа дека за кампот во Кожани не знаат, а на преминот Меџитлија немаат конкретни активносто во врска со бегалците. За повеќе информации не упатија на МВР.

Од МВР информираа дека немаат надлежност на територија на Грција па според тоа немаат информации за кампот кај Кожани, а на преминот Меџитлија е поставена жичана ограда и дека тој премин не е точка на која мигранти може да ја преминат границата. Според нив исклучива точка на која мигранти може легално да влезат во земјава е преминот на т.н. „Камен 59“ кај Гевгелија.

Според неофицијални информации од Грција, овие бегалци во најголем дел се од земји како Сомалија, Етиопија, Иран и Авгансистан, на чии државјани ЕУ, а со тоа и Македонија и другите земји од „Балканската рута“ им го одбива правото на азил. Така, согласно претходните искуства со мигрантите, сосема извесно е дека овие луѓе ќе се обидат македонско-грчката граница да ја минат илегално, што значи дека немилите сцени од гевгелиско, може да се очекуваат и во околината на Меџитлија односно Битола. Кон ваквата загриженост која се појави во Битола, допринесува и фактот дека Грција не прави ништо да ги спречи мигрантите да ја преминуваат границата со Македонија, што го потврди и Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис кој изјави дека во страв од инциденти војската и полицијата не преземаат никакви акции.

Ако на ова се додаде веќе потврдената информација дека меѓу мигрантите редовно се откриваат и терористи, а и простата бројчана надмоќ на над 50.000 „очајници“ наспроти околу 200 војници и околу 500 полицајци кои треба да им застанат на патот кон Македонија, тогаш загриженоста во Битола станува оправдана.

Дали и „Каменот 158“ кај Битола, ќе биде мигрантска точка за прием, останува да видиме.

Кон одговор на ова прашање можеби наведува предупредувањето кое деновиве од надлежните го добиле битолските такси превозници, во случај да бидат ангажирани од мигранти, таквиот ангажман да го одбијат.