На 18 јуни нема да има избори во Албанија

0
136

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија Љуљзим Баша синоќа по средбата со партиската парламентарна група изјави дека во Албанија на 18 јуни нема да има избори за нов состав на Парламентот. Тој додаде дека опозицијата никогаш не донела одлука да не учествува на изборите, но не прифаќа и нема да дозволи да се одржат избори без опозициските партии и најави голем протест на 13 мај. Рама во традиционалната неделна комуникација со граѓаните преку социјалните мрежи изјави дека повеќе нема да ја чека Демократската партија и дека на 18 јуни ќе има избори без опозицијата.