На 33 возрасните во парковите, младите под тендите

0
188

Точно напладне кога живата на термометарот покажуваше 33 степени битолчани ред чекаа пред чешмата во паркот кај Саат кулата малку да се разладат. Други пак спас од жештината најдоа како што велат под дебелата сенка

„ Жешко е ама еве седиме некој сат на клупите во паркот за маку да се разладиме”, вели битолчанец
„ Под дебела сенка не е жешко, така се справуваме со топлото време”, вели граѓанин
Од Итната медицинска помош во Битола велат дека бројот на интервенции бил зголемен за време на викендеот и изнесувал некаде околу 70 прегледи дневно, а вчера и денес од 40 до 50 прегледи дневно. Најчесто во службата за помош се обраќаат пациенти со хронични заболувања, но со здравствени потешкотии во брза помош доаѓале и пациенти од сите возрасни групи.Носење на соодветна облека, консумирање на течности, јадење посна храна и добро измиено овошје и зеленчук, хронично болните да ја земаат препишаната терапија, апелираат од Ургентаната амбуланта во Битола .Оние што ги анкетиравме воглавнио ги почитувале препораките од лекарите
„ Конзумираме повеќе ладни чаеви, вода , лесна храна како овошје и зеленчук, месо ретко”, вели битолчанец
„ Ги почитуваме советите на лекарите, лесна облека и лесна храна, никако мрсна храна и алхохол”, вели битолчанец
За разлика од анкетираните во паркот, помладата популација и покрај тоа што метеоалармот покажува жолта фаза го испија своето кафе на Широк Сокак . Прогнозата за утре е : на југот од земјата ќе имаме температури и до 40 степени, а во четврток од 32 до 39 стеепени со слаби локални врнежи од дожд. Во петок дневните температури ќе се движат од 29 до 36 степени со можни слаби, локални врнежи од дожд. Какао и да е останува да се разладуваме онака како што секој знае и умее и секако да ги имаме на ум препораките на лекарите.

Без коментари

LEAVE A REPLY