На 4-ти март премиера на Кралски игри во Битолскиот театар

0
753

Oвогодинешната сезона на премиери во битолскиот театар, ќе стартува со сценскиот спектакл “Кралски игри“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Оваа тема е многу значајна заради тоа што љубовта помеѓу Хенри Осми и Ана Болејн резултира со една голема промена во англиската историја со реформација на англиската црква .

Во претставата играат поголем број на актери на битолскиот театар.

Овогодинешната програма на Битолскиот народен театар, со поддршка на министерството за култура, вклучува пет премиери, три гостувања во странство и Битола Шекспир фестивалот.

Во овогодинешните претстави, покрај македонските, се ангажирани тројца странски режисери – Диего де Бреа, Андрош Урбан и Александар Бармон, кои на битолската театарска сцена веќе имаа успешно деби.