На автобуските стојалишта возниот ред, но не на сите

0
1387

После една година откако беа поставени новите автобуски стојалишта, деновиви поставен и возниот ред, но не на сите автобуски стојалишта. На возниот ред напишано е автобуското стојалиште и неговата лојкација, во табела напишани се превозниците, линијата по која што сообраќаат и времето на поаѓање. На крајот напишано е дека непочитувањето на возниот ред граѓаните можат да го пријават во општинскиот инспекторат на телефонскиот број 047 208 356

-Имам видено ама грешен му е возниот ред, вели граѓанин

-Сега гледам дека е поставен возниот ред на автобусите, досега немав забележано, вели граѓанин

Некои од граѓаните пак се пожалија на редовноста и точноста на автобуските превозници, некои пак се задоволни а трети пак бараат редовни линии да пуштат и во недела

-Не сум задоволна, нон стоп каснат автобусите па дури до 10 минути, смета граѓанин

-Задоволен сум секогаш се точни автобусите, вели граѓанин

-Задоволна сум, само ми смета тоа што нема редовна автобуска линија за во недела, вели граѓанин

Во период од една година општина Битола постави 118 стојалишта од кои 68 во урбаниот дел, а останатите во руралните места. Со одлука на Советот на Општина Битола во сите три зони каде што има автобуски стојалишта, сите превозници кои што ги користат треба да плаќаат надоместок за застанување во зависност од зоната. Покрај ваквата одлука, на превозниците им се даде можност да инвестираат во автобуските стојалишта, а со тоа да бидат ослободени од плаќање кон општината во рок од 5 години колку што им трае договорот.Вредноста на 118-те нови автобуски стојалишта чинеше околу 9,5 милиони денари