На денешната средба Вучиќ од Путин ќе побара ракетни системи и хеликоптери

0
182

Српскиот весник Вечерње новости денес пишува дека српскиот премиер Александар Вучиќ од претседателот на Русија Владимир Путин ќе побара испорака на ракетни системи, гранати, хеликоптери и радари.

Според тврдењата на весникот, Вучиќ ќе побара ракетни системи БУК, гранати „краснопол“, а во разговорот ќе повтори дека Србија сака да остане во најдобри односи со Москва.

Исто така, ќе се истакне дека оружјето што Србија би можела да го добие од Русија нема да има офанзивен карактер, туку ќе служи за одбрана на земјата, пишува Вечерње новости.

Дека оваа тема ќе се најде на дневниот ред Вучиќ најави вчера, на средбата со рускиот колега Дмитриј Медведев.

Српскиот премиер истакна дека дел од оружјето ќе се набави од Русија, но и дека ќе настојува еден дел да се произведува во Србија, во соработка со Русите.

Вучиќ во текот на денешниот ден ќе се сретне со Путин.

www.mkd.mk